Македонија
3. November 2018 - 14:30

Пожар кај Стајковци

 

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на автопат кон село Стајковци, поточно во село Страчинци, имало пожар.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека гори сува трева и никостеблети дрва. Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната единица Скопје.