Балкан
27. August 2016 - 19:29

Пожар беснее во Улцињ, граѓаните и туристите се евакуираат

Пожарот кој денеска изби на ридот Бијела Гора на влезот од Улцињ брзо се шири, поради што во тек е евакуација, а пожарот го гасне и еден канадер, јавија црногорските медиуми.

Пожарот изби околу 11 часот, а носен е прво од северен, а потоа и од западен ветер, па брзо се проширил до куќите во ридот.

 

View image on Twitter

Службите за заштита ги замолија сите граѓани кои можат да помогнат во гаснењето.

Шефот на пожарникарите од Улциљ Фљмур Селовиќ рече дека пожарот избил на Бјела гора во Улцињ и е вон контрола и дека досега изгореле две куќи.

-На помош пристигнаа и пожарникари од Бар, Подгорица и Будва. Тука има и дромадери хеликоптери, целата екипа пожарникари и граѓани. Ги браниме домаќинствата колку е во наша моќ, но многу е тешко зошто пожарот е надвор од контрола, вели Селовиќ.