-->
-->
Пожар беснее близу Сиднеј, граѓаните велат: Не се дише
-->
Огромниот пожар што беснее во близина на Сиднеј моментно не може да се изгасне, соопштија пожарникарските служби од Австралија, кои се борат со пожари низ целата земја, јави „Би-Би-Си“.
Пожарот, што зафати околу 300.000 хектари, е само на околу еден час возење од најнаселениот град во Австралија. Неговиот чад предизвика здравствени проблеми кај жителите на Сиднеј.
„Би-Би-Си“ јави дека Сиднеј би можел да биде обвиен со чад со недели, ако не и месеци.
На жителите кои не можат да го одбранат својот имот од пожарот, им е наложено да ги напуштат своите домови веднаш.
Во пожарите загинаа повеќе од шест лица од октомври и уништени се повеќе од 700 домови низ Австралија.
Пожари има низ државите Квинсленд, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија и Тасманија. Во моментов има повеќе од 95 пожари, а на терен се околу 2,2 илјади пожарникари.
Заменик-шефот на пожарната служба на Нов Јужен Велс, каде е Сиднеј, рече дека „овие пожари не можат да бидат запрени и ќе продолжат да горат се додека не се променат условите“.
Огнениот фронт е долг 60 километри, додаде Роб Роџерс.
Австралиските пожарникари добиваат помош од колеги од Канада и САД, а загриженоста се зголемува поради тоа што во вторник температурите околу Сиднеј би можеле да се искачат над 40 Целзиусови степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата