Балкан
10. December 2019 - 11:01

Повторно земјотрес во Албанија

Албанија утрово повторно ја потресе земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Според податоци од Европскиот центар за мониторинг и известување за земјотреси, ова е десетти земјотрес што ја погоди Албанија во изминатите 70 часа.

Засега нема прецизни податоци за епицентарот на земјотресот, ниту на која длабочина бил.