Балкан
9. November 2018 - 11:12

Повторно земјотрес на Закинтос: Уште еднаш силно се затресе познатото грчко летувалиште

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтерова скала го погоди синоќа грчкиот остров Закинтос.

Се наведува дека потресот се случил 46 минути по полноќ во Јонското море, на 41 километар југозападно од Закинтос.

На овој остров се регистрирани најмногу последователни потреси по земјотресот од 6,4 степени по Рихтер кој се случи на 26. октомври.