Свет
31. August 2017 - 13:44

Повторно земјотрес го стресе Иран

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Иран.

Земјотресот бил во слабо населена област во близина на градот Зијаратали, на 1.330 километри југоисточно од Техеран.

Спасувачки екипи се упатија кон погодената област, каде живеат околу 5.000 луѓе, воглавно земјоделци.

Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.