Свет
9. April 2017 - 10:28

Повторно воспоставен железничкиот сообраќај во Москва

По судирот на два воза во западниот дел на Москва, при што најмалку 50 лица побарале лекарска помош, повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.

По несреќата 12 луѓе биле хоспитализирани, од кои пет, меѓу кои и едно дете, се уште се во болница.

Несреќата се случила кога машиновозачот на еден од возовите употребил кочница за вонредни случаи за да не прегази човек кој се обидувал да ја помине пругата. Возот што се движел зад него не успеал да го избегне сударот, а четири вагони излетале од шините.