Македонија
10. February 2018 - 16:24

Повторно високо ниво на загаденост во Скопје

Изминатите денови повторно тешко се дише навечер и наутро во повеќе скопски општини, но и во неколку градови низ државата. Мерењата на квалитетот на воздухот покажуваат зголемување од неколку пати на штетните ПМ честички од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Високо ниво на загаденост е регистрирано во Кичево, Струмица, скопско  Лисице и кај Ректорат.

Според експертите по јавно здравје токму аерозагадувањето во земјава е поврзано со околу 2000 смртни случаи годишно. Загадениот воздух е една од причините и за зголемениот број на болни од рак на белите дробови. Најновите податоци од Институтот покажуваат дека малигните заболувања се во пораст во поголемите градови, каде впрочем и загадувањето е најголемо.

Од друга страна оваа сезона кога беше екстремно загадено надлежните институции во неколку наврати ги активираа ургентните мерки кои беа на сила најмногу по два дена. За екологистите истите не дадоа резулат и апелираат за да се намали загадувањето потребно е мерките да се применуваат во текот на целата сезона.