Македонија
24. July 2021 - 12:06

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен

УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места ќе биде 40 степени.

Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24.

За денеска попладне се прогнозира можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.