Повторно се отстрануваше урбана опрема од Охридската чаршија
Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заедно со општински инспектори денеска спроведуваа активности за отстранување на нелегално поставена урбана опрема пред угостителски објекти во охридската чаршија.
Активностите се спроведени откако претходно инспекциските контроли утврдиле дека угостителите поставувале маси, столови и друга урбана опрема без одобрение, надвор од Програмата за поставување урбана опрема.
И претходно инспекциските служби беа активни во тој дел од чаршијата, отстранувајќи урбана опрема и обележувајќи го просторот каде може да се поставуваат столици и маси, но дел од угостителите повторно го узурпираа шеталиштето.
Од општинскиот инспекторат најавуваат дека слични акции ќе има и наредниот период, со цел воведување ред во начинот на поставување урбана опрема во центарот на градот.
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата