Бизнис
17. October 2018 - 11:00

Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава. 
 
На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека  до крајниот рок е доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериуимите во тендерот.