Повторно одложено рочиштето за „Транспортер“
Во скопскиот Кривичен суд денеска повторно беше одложено рочиштето за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески. Денешното судско рочиште е одложено поради боледување на една од обвинетите.
Според судијката Лидија Петровска бидејќи поради тоа што од истата причина судењето е одложено по вторпат треба да се отвори можноста за издвојување на постапките.
Поради тоа, СЈО побара однапред да се закажат неколку рочишта и да се избегне понатамошно одложување.
Закажувањето на рочиштето за наредниот месец беше проблем за еден од обвинетите, Џими Мицевски да пристигне на судење, бидејќи во тој период ќе бил на закажана турнеја со групата „Молика“ во Австралија. Мицевски побара од судијката да се закажат рочиштата по неговото враќање од Австралија во јануари, бидејќи групата ќе трпела финансиски импликации.
Судот го закажа следното рочиште за 13 декември.
Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење