Повторно одложено рочиштето за „Транспортер“
Во скопскиот Кривичен суд денеска повторно беше одложено рочиштето за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески. Денешното судско рочиште е одложено поради боледување на една од обвинетите.
Според судијката Лидија Петровска бидејќи поради тоа што од истата причина судењето е одложено по вторпат треба да се отвори можноста за издвојување на постапките.
Поради тоа, СЈО побара однапред да се закажат неколку рочишта и да се избегне понатамошно одложување.
Закажувањето на рочиштето за наредниот месец беше проблем за еден од обвинетите, Џими Мицевски да пристигне на судење, бидејќи во тој период ќе бил на закажана турнеја со групата „Молика“ во Австралија. Мицевски побара од судијката да се закажат рочиштата по неговото враќање од Австралија во јануари, бидејќи групата ќе трпела финансиски импликации.
Судот го закажа следното рочиште за 13 декември.
Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Ново на Сител
-
Андоновска: Паѓа во вода обвинувањето за неквалитетен инсулин
-
Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Македонија
-
Би-Би-Си: Црвените јаболка полека исчезнуваат, виновник се климатските промени
-
Дендиас по работниот појадок во Брисел: Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска
-
МЗ: Буџетот за пациентите со дијатебес за 2020 година е 750 милиони денари, во 2017 година изнесувал 562 милиони денари
-
Вархели: Пристапните преговори со Скопје и Тирана да почнат напролет
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не открива кон кои фирми должи
-
СДСМ: Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ има неподмирен долг од 400 илјади евра за претседателската кампања на Силјановска