-->
-->
Повторно нерешено со Словенија
-->
Ракометните репрезентации на Словенија и на Македонија и во вториот контролен натпревар пред Европското првенство во Полска одиграа нерешено. По вчерашните 28:28 во Кршко, вечерва во Цеље натпреварот заврши 23:23.
Нашата репрезентација во 52.минута имаше три голови предност 23:20, но до крајот Словенија успеа да стигне до израмнување, иако последниот удар од девет метри на Деан Бомбач, голманот на Македонија Никола Митревски го одбрани. Во 56.минута при гол предност за Македонија Борко Ристовски успеа да одбрани седмерец.
Првиот дел Словенија го доби со 13:12, а во вториот дел беше 11:10 за Македонија, па така Македонија на двата натпревара во вториот дел играше подобро во одбраната и прими по 10 гола. На стартот од вториот дел и Словенија имаше +3 (16:13).
Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со седум голови.
Македонската репрезентација утре се враќа во Скопје и по двата слободни дена новиот собир ќе биде на 8.јануари, а следните два контролни натпревара ги игра со Црна Гора во Скопје на 10 и 11.јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците