Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.
Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.
Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.
И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.
Ново на Сител
-
Летното сметање на времето започнува на 26 март
-
Дефектолог осомничена за напад на девојче
-
Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел | ВИДЕО
-
43 килограми злато вредно 2,3 милиони евра запленето на скопскиот аеродром | ФОТО
-
Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта
-
Во Идризово откриен тунел за бегство на затвореници со високи казни
-
Флекс Кредит се стекна со признанието најголем корпоративен донатор за 2022 година во СОС Детско село
-
Алтернатива: Во Чаир синоќа започна крајот на владеењето на ДУИ