Повторно инциденти на грчко-турската граница кај Еврос
Солзавец и шок бомби рано утрово биле фрлени од турска на грчка страна на граничниот премин кај Еврос, а грчката полиција одговорила со водени топови, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
По вчерашниот мирен ден, денеска повторно продолжија инцидентите, а и понатаму, остануваат групи бегалци и мигранти на турска територија и покрај затворената граница.
Како што вчера објави МИА, според грчки владини извори, од саботата во шест часот наутро заклучно со вчера попладне до 18 часот, нелегален влез во Грција од Турција, бил спречен во 36.649 случаи, а уапсени се вкупно 252 лица.
Според истите информации, повеќето уапсени лица се од Авганистан (64 отсто), 19 проценти се од Пакистан, пет отсто од Турција, од Сирија се четири проценти, 2,6 отсто од Сомалија, а останатите 5,4 отсто од Ирак, Иран, Мароко, Етиопија, Бангладеш и Египет.
Ново на Сител
-
Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
-
Над 30 лица повредени од торнадо во германскиот град Падерборн | ВИДЕО
-
КУП: Триумф на „лавовите“ во пенал серијата
-
Османи: Ги ценам напорите на Франција за одблокирање на евроинтегративниот процес
-
АА: СДСМ и ДУИ се уште не се опоравиле од црвениот картон од гостиварци
-
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
-
Владата го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година
-
ОН предупредува дека не треба да се занемарат другите кризи во светот поради Украина