Балкан
21. March 2019 - 19:12

Повторно гореше Тирана: Полицијата ги спречи демонстрантите да го пробијат кордонот, тие гаѓаа со шишиња, има и повредени

Во Тирана денеска повторно се судрија демонстрантите со полицијата на шестиот антивладин протест пред зградата на парламентот.

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, а кога во тоа биле спречени тие припадниците на полицијата ги гаѓале со шишиња и други предмети.

Порталот Сота њуз пренесе дека еден демонстрант е повреден во судирот со полицијата, а порталот Албеу дека се повредени и двајца полицајци.

Инаку првпат на чело на овој опозициски протест не е присутен лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, па поранешниот премиер Сали Бериша е пречекан со овации, а многумина од нив чекаа да направат селфи со него.

Ова е шести антивладин протест пред парламентот кој се одвива во време на одржување на пленарната седница, па полицијата поучена од претходните инцидент презеде мерки за да не се повторат.

Пред зградата на парламентот вообичаено е поставена железна ограда за да се оневозможи евантуалното влегување на демонстрантите во таа зграда, наведува порталот на телевизијата А1.

На претходниот протест, имено незадоволните претставници на опозицијата и дел од граѓаните се обидоа насилно да влезат во парламентот, гаѓајќи ја полицијата со цврсти предмети, па полициските сили биле принудени да употребат солзавец и водени топови.

Поради тоа опозицијата поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи на Албанија Сандер Леши поради злоупотреба на службената должност и масовна употреба на солзацец против демонстрантите.

Опозицијата побара оставка од премиерот Еди Рама, формирање на преодна влада која би спровела фер и демократски извори.