Балкан
21. August 2020 - 17:14

Повторно голем пораст на бројот на новозаразени во Хрватска

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 новозаразени со коронавирус и еден смртен случај од Ковид-19.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита, во Хрватска во моментов има 1.842 активни случаи.

Министерот за здравство Вили Берош изјави дека денешниот број на заразени лица е без екстремни отстапувања од претходните денови.

– Тоа е последица на тоа што Хрватска беше отворена за туризам, оцени хрватскиот министер.