Балкан
10. August 2016 - 18:22

Повторно фрлен солзавец во косовскиот Парламент заради демаркацијата со Црна Гора

Во косовскиот Парламент денеска повторно е фрлен солзавец, што, овој пат, е активиран од шефот на пратеничката група на радикалното опозициско движење Самоопределување, Глаук Коњуфца.

Како што јавува Танјуг, инцидентот се случил на седница на Претседателството на собранието, свикана за договор за дневниот ред на утрешната пленарна седница на која треба да се ратификува Договорот за демаркација со Црна Гора.

Собраниското претседателство е најавено како седница која требаше да „ги усогласи“ ставовите на позицијата и опозиција во врска со овој договор, инаку, потпишан во Виена во август минатата година, како и за давање „зелено светло“ за неговата ратификација.

По активирање на солзвецот седницата на собраниското претседателство привремено беше прекината.

Претходно денеска Движењето за единство, кое е дел од косовската Влада, ги повика пратениците да не гласаат за спогодбата за демаркација со Црна Гора, и предупреди дека пратениците утре ќе бидат под притисок, како никогаш претходно, да гласаат за споменик.

Движењето за единство прецизира дека доколку спогодбата за разграничување со Црна Гора не се изгласа, членовите на Европскиот Парламент се закануваат со влошување на односите меѓу Приштина и меѓународната заедница и недобивање визна либерализација.

Од друга страна, пак, доколку спогодбата не се ратификува претстои неколкумесечен притисок врз опозицијата, демонстрации со солзавец, и обвинувања за национално предавство.

Во двата случаја, смета Движењето за единство, најбитен е интересот на Приштина и дека затоа, поручуваат од таму, не треба да се гласа за ратификација на спогодбата за демаркација со Црна Гора, туку таа треба да и се препушти на меѓународна арбитража.