Македонија
16. April 2018 - 11:17

Повреденото дете (10) од Ѓорче во тешка состојба

Вчера во 18.30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (46) од Скопје удрило во 10-годишно момче.

По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.