Македонија
19. July 2018 - 11:35

Повредено момче на скопските улици

Повредено момче во Скопје, итно пренесено во болница. Како што информираат од МВР, вчера  во 18,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар “Јане Сандански“ и улица “23-ти Октомври“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски таблици  управувано од С.Ѓ.(70) од Скопје удрил во велосипед “РОГ“ управуван од А.Р.(27) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил велосипедистот кој со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.