Македонија
21. July 2016 - 11:23

Повредено едно лице во сообраќајка во Куманово

Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19:25 часот на крстосницата на булеварот „Трета Македонска Удрана Бригада“ и улицата „Видео Смилевски - Бато“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Во сообраќајната несреќа учествувал автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од  29-годишниот Г.М.  и мопед „апрлија“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал  М.Ј. (1996). По несреќата, возачот на моторот М.Ј. е хоспитализиран во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот што вчера го извршила екипа на СВР Куманово ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.