Македонија
25. September 2018 - 16:29

Повредено дете, урнати неколку кровни конструкции по невремето во Скопје

13 годишно дете е повредено во вчерашното невреме откако тенда му паднала врз глава на игралиште во Топанско Поле.

Од силниот ветер тендата од околните објекти се откачила  и паднала врз него. Детето е пренесено во градската болница а останатите деца кои играле со него поминале без повреди.

Невремето сруши неколку кровови, дрвја, поголеми гранки, бандери и во останатите скопски општини за што голем број граѓани пријавиле и во центарот за управување со кризи. Кров падна и во близина на основното оучилиште Владо Тасевски во Козле.

- Невремето сруши кров од зграда во Козле, просторот помеѓу кулите е заграден, поставена е лента  и известување за опасност на граѓаните.

Лимен кров се сруши и од зграда во Карпош 2 а при падот оштети 5 стана. Силен удар и врева слушнале станарит од соседната зграда каде кровот искрши неколку прозорци, ролетни и ја оштети фасадата. За среќа нема повредени станари а во моментот немало минувачи на улицата.

Невремето предзвика и неколку пожари на кои интервенираше противпожарната брига. Пријавени се и дефекти во електричната енергија.

Ветерот донесе и голема количина на прав и отпад а  мерните станици регистрираа енормно загадување во Скопје. Градоначалникот вели тоа е последица на неколку градежни објекти но и на негрижата на граѓаните и субјектите кои поседуваат имот.

Од вчера кризниот штаб на градот најави дека будно ја следат состојбата со невремето. По  вчерашниот силен  ветер активирани се сите ресурси на  надлежните служби.