Македонија
28. July 2019 - 16:09

Повредените рудари се во стабилна здравствена состојба, компанијата вели дека загинувањето на рударот е несреќен случај

Загина 57г рудар  при минирање на јама во рудникот за олово и цинк во Крива Паланка.  „ Тораница“. Во експлозијата повредени се и двајца рудари на возраст од околу 30 години. Тие се на одделението за хирурхија во кумановската болница и се во стабилна состојба. Несреќата се случи вчера при поставување експлозивни средства за минирање во јамата .

Увидот на надлежните траел до доцна во ноќта.  Се чека и  извештајот на трудовиот инспекторат, но првично според нив се работи за човечки фактор. Дали се работи за несреќа и што точно се случило ќе треба да истражи обвинителството. Согласно законот за безбедност при работи од фирмата  биле испочитувани процедурите вели за Сител директорот на Трудовиот инспекторат.

 Од компанијата  „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип велат се работи за несреќен случај. Изразија сочувство до семејството на загинатиот и информираат дека  ја следат состојбата на вработените кои се на хируршкото одделение во Куманово.

 „ По завршување на целата истражна постапка од страна на надлежните органи, компанијата „Булмак 2016“ ќе преземе дополнителни мерки за утврдување на околностите на несреќата во соработка со компаниите – добавувачи на експлозиви и детонатори кои се користат во рамки на редовната работа во рудникот. “

Во  Струга почина работник од скопје  откако падна од покрив висок 8 ипол метри. Несреќата се случила во објект на приватна фирма во индустриската зона Струга Ќафасан но за овој случај се уште нема информација од трудовиот инспекторат.