Македонија
7. November 2018 - 15:41

Повредениот пешак од Делчево со тешки телесни повреди задржан на Клиничката болница во Штип

 Лицето кое утрово беше прегазено од товарно возило на пешачки премин во Делчево, со констатирани тешки телесни повреди е задржано на хируршко одделение при Клиничката болница во Штип. Како што информираше Марија Глигоровска, директор на делчевската амбуланта, лицето е задржано поради скршеници и крварење во штипската болница.
 
-Откако повредениот беше транспортиран во штипската клиничка болница, нашата медицинска екипа се врати додека лицето е задржано заради како што велат нанесените скршеници и појава на крварење на мозокот како последица на ударот. Од наша страна е направено се лицето навреме да ја добие потребната помош, вели Глигоровска.
 
Полицијата се уште работи на истрага како се случил немилиот настан.
 
Како што велат очевидци повредениот шеесетгодишник на пешачки премин на улицата Никола Јонков Вапцаров бил удрен од товарно возило кое било управувано од лице на возраст со над 30 години.