Балкан
27. August 2016 - 10:09

Повредени три лица во експлозија на автомобил во Ниш

 Три лица се повредени синоќа во српскиот град Ниш откако експлодирала бомба, поставена под автомобил.

Полицијата во Ниш најави дека наскоро ќе се огласи со соопштение, не сакајќи се уште да прецизира што точно се случило, јави Танјуг.

Според неофицијални информации, бомбата била поставена под бел „голф“ со регистерски таблички од Врање.

Еден студент се наоѓа во тешка здравствена ситуација, на друго момче му е ампутирана потколеницата, а на една девојка и е санирана повредата на стапалото и е пуштена на домашно лекување.