Повредени шест лица во сообраќајки вчера во Скопје
Шест лица биле полесно повредено во четири од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и четворица возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени вкупно 12 лица: 10 лица пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Затекнати биле 49 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 59 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Вера Јоциќ“ на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители