Македонија
29. November 2017 - 9:24

Повредени шест лица во сообраќајки вчера во Скопје

Шест лица биле полесно повредено во четири од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и четворица возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени вкупно 12 лица:  10 лица пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Затекнати биле 49 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 59 возила.  

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Вера Јоциќ“ на подрачјето на општина Гази Баба.