Повредени родители и 4 деца со потекло од Македонија во сообраќајка на автопатот Суботица - Нови Сад
На автопатот Суботица – Нови Сад, во близина на клучката кај Бачка Топола, околу 12,45 часот вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила, а дури девет лица се повредени, јавуваат српските медиуми.
Од полициското одделение Суботица велат дека девет повредени лица, учесници во сообраќајната несреќа, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болниците во Врбас и Суботица.
Судирот на две возила се случил на иста сообраќајна лента кога едно од возилата, веројатно поради неприлагодена брзина, удрило во задниот десен дел од другиот автомобил. По судирот, едно возило се превртело и запрело покрај автопатот.
Македонски државјани меѓу повредените
РТВ јавува дека несреќата се случила кога возачот на патнички автомобил БМВ со британски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и густ сообраќај и удрил во задниот дел на „опел зафира“ со белгиски регистарски ознаки, кој бил запрен на лентата за застанување поради дефект.
суботица
Како што беше кажано за РТВ во Општата болница во Суботица, шест учесници во несреќата, родители со четири деца, државјани на Белгија со потекло од Македонија, биле пренесени во оваа институција.
Децата и нивниот татко се полесно повредени, додека мајката е потешко повредена, се здобила со фрактура на карлицата.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак