Македонија
21. јуни 2018 - 9:30

Повредени пет лица во неколку сообраќајки во Скопје

Пет лица се повредени во девет сообраќајни несреќи кои вчера се случиле на територијата на Град Скопје.

Сообраќајната полиција во изминатотот деноноќие санкционирала 93 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 24 возачи. Според полицискиот извештај, пет возачи управувале под дејство на алкохол, 12 управувале возило пред да се стекнат со право на возачка дозвола, тројца биле почетници и четворица се отстранети поради други причини.

Непрописно биле паркирани 262 возила, а пајакот службата подигнала 66 моторни возила.