Повредени пет лица, девет собраќајки во изминатото деноноќие во Скопје
Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест е причинета материјална штета.
Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 45 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 24 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.
Санкционирани се и тројца возачи за технички неисправни возила, 21 за нерегистрирани и 144 за непрописно паркирање. Со специијалното возило „пајак“ подигнати се 82 возила.
Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, по четворица за поминување коловоз и крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување нан пешаците на обележанн пешачки премин, двајца за неправилно престројување. Изречени се и осум казни за некористење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, како и пет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје