Повредени две жени во сообраќајки во тетовско
Две сообраќајни несреќи со исто толку повредени жени пешаци се случиле на две места во тетовско во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
И во двата случаи според првичните податоци од увидите на местата причина за сообраќајките е неприлагодена брзина односно пребрзо возење.
Првата сообраќајка се случила околу 18 часот на улицата Љуботенска во тетовската населба Мала Речица. „Форд Мондео“ со тетовски регистарски таблички управувано од Р.А.(53) од Мала Речица удрил во Џ.М.(77) исто така од Мала Речица. При тоа пешачката се здобила со телесни повреди и била префрлена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.
Втората несреќа се случила на локалниот пат во селото Палатица околу 21 часот. Голф со тетовски регистарски таблички што без возачка дозвола го управувал Љ.А.(20) од Копанце удрл во Ж.Ќ(65) од Палатица. И тука пешачката се здобила со телесни повреди и веднаш била пренесена во тетовската болница од каде по укажаната помош и таа била пуштена на домашно лекување.
Тетовската полиција извршила увид на две места од сообраќајките посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност