Македонија
31. January 2018 - 8:42

Повредени две лица во Скопје

Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две биле полесно повредени две лица, а во осум била причинета материјална штета.
 
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување, а еден е санкциониран за неправилно престројување.
 
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и 24 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и две технички неисправни возила. Санкционирани биле и девет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 98 непрописно паркирани возила.
 
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 53 возила.