Повредени две лица во Скопје
- Дваесет и седум возачи се санкционирани за пречекорување на брзината во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, кога биле евидентирани четири сообраќајки во кои полесно се повредени две лица.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај осум возачи под дејство на алкохол, 19 кои возеле пред да се стекнат со право на управување возило, двајца возачи почетници. Исклучени се и 10 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.
За 53 возила се издадени мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 49 возила.
Изречени се санкции и за осум пешаци за поминување на црвено светло и надвор од пешачки премин, а исто толку возачи се казнети за неправилно престигнување и престројување. Евидентирани се и седум лица кои не користеле заштитен шлем при возење велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност