Loading Video...
Свет
4. May 2021 - 19:41

Повредени 23 лица откако надвозник на метрото во Мексико Сити се урна врз воз

Во Мексико Сити се урна надвозник на метрото во време додека поминувал воз при што загинаа најмалку 23 лица, вклучително и деца. 

На снимката што ја објави локална телевизија се гледа како еден од столбовите попушта а дел од вагоните паѓаат врз автомобили кои во тој момент минувале под мостот. 

Најмалку 69 лица се повредени, од кои 7 се во тешка состојба.

Спасувачката акција на патниците од вагоните кои виселе на неколку пати биле прекинувана поради нестабилната положба на возот.

Се истражуваат причините за несреќата