Повредени 10 лица, шест сообраќајки вчера во Скопје
Едно лице е тешко повредено, а уште девет се здобиле со телесни и полесни повреди, во пет од шесте сообраќајки изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. За една сообраќајна незгода е регистрирана материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала дванаесет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила 12 возачи од кои десет пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.
Исклучени се од сообраќај десет нерегистрирани возила, а за непрописно паркирање се санкцинирани 98 возачи, додека со „пајакот“ се кренати 100 возила.Пет возачи се казнети за поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци, како и еден за неправилно престројување.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинка „8 Март“ објект „ Зеленика“ во општина Зелениково.
Ново на Сител
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори