Македонија
10. јуни 2021 - 17:08

Повредена жена при експлозија на плинска боца во Пробиштип

Повредена жена била пренесена во болница откако експлодирала плинска боца во Пробиштип.

-На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип,  експлодирала плинска боца, велат од МВР.

Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.