Македонија
26. September 2020 - 10:43

Повредена 18-годишна велосипедистка во сообраќајка на патот Гостивар-Градец

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот патен правец Гостивар-Градец, кај селото Зубовце, околу 11 часот била повредена Д. Ј. (18) од Галате, информираат од МВР. 

На неа, додека управувала велосипед, налетало возило „фиат-пунто“ што го управувал Ф. А. (52) од село Врбјане.

Повредената била пренесена во гостиварската Општа болница, каде биле констатирани потешки повреди и е здржана на лекување.

На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар.