Македонија
31. January 2016 - 10:41

Повреден возач на автомобил кој се превртел на Илинденска

Едно лице е повредено кога возилото што го управувало изутринава во 6:30 часот се превртело на раскрсницата на булеварот „Илинден“ и улицата „Никола Тесла“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека во 6:30 часот изутринава на раскрсницата на булеварот „Илинден“ и улицата „Никола Тесла“ во Скопје од заега непознати причини возило „Опел корса“ со скопски регистерски ознаки се превртело. Возачот се здобил со повреди и бил префрлен најнапред во болницата „8 септември“ за потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Полицијата го заврши увидот на местото на несреќата.