Македонија
27. December 2017 - 15:21

Повреден велосипедист во Скопје

Уште една сообраќајна несреќа ги вознемири граѓаните во Скопје.

- Вчера во 07.00 часот на крстосница од ул. „Јуриј Гагарин“ и ул. „Братфордска“ се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „Фиат Дукато“, управувано од С.Б. (54) од Скопје удрило во велосипедист И.Ѓ. (50), исто така, од Скопје. По незгодата И.Ѓ. со возило на Брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош., велат од полицијата.

Од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување