Македонија
16. July 2018 - 10:33

Повреден пешак во сообраќајка во Куманово

Пешак повреден во Куманово, поради тешките повреди пренесен на скопските клиники. Како што информираат од МВР, вчера  околу 20,30 часот во Куманово на улицата „Доне Божинов“ патничко моторно возило “Рено Твинго“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.П. (57) од Куманово удрило во пешакот Ц.Т. (52) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Т. која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Куманово била препратена на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.