Македонија
1. October 2018 - 10:41

Повреден пешак во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 15 часот било пријавено дека на улицата „Даме Груев“ на паркинг просторот патничко моторно возило „Мазда 3“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С. (25) од Скопје удрило во пешакот О.О. (82) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила О.О., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.