Македонија
14. April 2017 - 13:36

Повреден моторџија во Скопје

Завчера ноќта околу 01.30 часот на крстосницата од ул. „Методи Митевски“ и ул. „Петер Ичко“ се случила сообраќајна незгода во која Н. А. (43) од Скопје, со привремен престој во Белгија, управувајќи Мотоцикл „Јамаха-250“ со белгиски национални ознаки, загубил контрола над истиот и паднал. 

Во незгодата Н.А. со возило бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и каде му била укажана лекарска помош, по што бил пуштен на домашно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.