Loading Video...
Тенис
3. јуни 2022 - 19:03

Повредата на Зверев му донесе ново финале на Надал на „Роланд Гарос“

Рафаел Надал е прв финалист на Роланд Гарос. 
 
Најтрофејниот тенисер на овој Грен Слем до новото свое финале стигна откако неговиот противник во полуфиналето Александар Зверев го предаде мечот поради повреда.
 
Двата тенисери одиграа скоро два сета, што траеја повеќе од три часа. 
 
При водство на Надал од 1-0 во сетови, а во вториот резултатот беше 6-6 во гемови, Германецот го повреди скочниот зглоб по што неможеше да го продолжи мечот. 
 
Надал сега ќе го чека исходот од второто полуфинале во кое ќе играат Хрватот, Марин Чилиќ и 8-носител, Каспер Руд од Норвешка