Балкан
23. јуни 2017 - 8:19

Повратниците од боиштата од Сирија закана за безбедноста на Косово

Косовските повратници од боиштата во Сирија и Ирак, може да бидат сериозен безбедносен предизвик, иако се уште се на изджување на затворска казна.

Ова го изјави Командантот на КФОР, Џовани Фунго со кого се согласуваат и претставници на косовските институци.

- Безбедноста на Косово останува кревка и многу нестабилна, оцени Фунго во обраќање во Брисел, додавајќи дека има многу околности кои може да донесат насилство.

Во Косово, нагласи тој, „секојдневно се соочуваме со политички предизвици и мултуетнички заострувања, потоа оние од верски есктремизам, проблемите со бегалците и емигрантите, како и руското влијание“.

- Наредните месеци ќе видиме некои борци, учесници во странски војни, ќе ги издржат казните во затворите и ќе се вратат во општеството, што може да биде многу предизвкувачки, изјави Командантот на КФОР.

Косовскиот заменик министер за внатрешни работи во заминување, Ваљдет Хоџа, оценува дека командантот на КФОР со право ја изнел оваа загриженост.

На почеток, косовските институци се соочуваа со предизвици од минатото бидејќи граѓани на Косово заминуваа во странските војни во Сирија и Ирак, појава која, според Хоџа, е запрена по повеќе преземени мерки. Сега, додава тој, предизвикот е дерадикализација и реинтегрирање на овие лица, кои се познати како „странски борци“.

- Косовските институции имаат стратегија за дерадикализација и реинтегрирање на овие лица, кои веќе излегуваат и од затворските ќелии по издржаната казна. Во обуките опфатени се лица вклучени во радикални или терористики активности, вели Хоџа.

Бурим Рамадани од Центарот за истражување и безбедносни политики вели дека институциите и општеството во Косово се ангажирани во борбата протв радикализмот, но оти недостига искуство во други програми за дерадикализација, рехабилитација и реинтегрирање.

Врз основа на актуелната статистика, посочува Рамадани, за учество или заедничко делување во терористички активности осудени се 50 граѓани, за 34 лица судската постапка е во тек, додека под истрага се 131 лице.

Косовскиот прв полицаец во заминување, Скендер Хисени, претходно изјави дека се радикалзирани не само поранешни ученици во странски војни, туку и други затвореници.

Во затворите присутен беше феноменот на појава на присуство на радикална исламска литература во затворите, поради што институциите реагираа со мерки за спречување на ширење на радикализмот во затворите.

Во текот на 2016 година, Основниот суд во Приштина осуди 31 лице за учество во тероритички активности. Само во јануари годинава, седум лица беа осудени со вкупна затврорска казна во траење од 18 и пол години. Меѓу осудените се и поранешни имами, како што е случајот со Зеќирија Ќазими, осуден на 10 години затвор.

Во рамки на борбата протв тероризмот и радикалзимот Парламентот на Косово усвои и закон со кој косовски граѓанин учесник во странска војна може да добие затворска казна во траење до 15 години.

Инаку, најмалку 300 косовски државјан учествувале во конфликтот во Сирија и Ирак, на страната на терорстичките организации, како што се ИД или Ал-Нустра.Дел од нив или седумдесеттина биле убиени.

Безбедносните структури во земјата потврдуваат дека на тамошите боишта се уште се 140 лица, меѓу нив и жени и деца. Од овие земји во Косово се вратиле 100 лица.