Македонија
4. March 2021 - 16:26

Повозрасно лице пронајдено починато во казино во Скопје

Вчера во 12.46 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ има починато повозрасно лице, соопштија од МВР.

Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид на место и бил известен Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатото лице било пренесено во капела Бутел.