Бизнис
15. јуни 2017 - 12:38

Повисоки продажните цени на производителите на индустриските производи на странските пазари

Државниот завод за статистика денеска објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и за 9,8 проценти на годишно ниво.

Во однос на март повисоки се продажните цени во секторот Рударство и вадење камен за еден процент, додека во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во споредба со април минатата година се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 40,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 6,5 проценти.