Бизнис
6. July 2015 - 14:48

Повисоки цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во јуни годинава се повисоки за 0,1 процент во однос на мај, а за 0,6 отсто  во споредба со ланскиот јуни.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  зголемување од 0,1 отсто е забележано во групата Храна.

Цените, пак, на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 0,4 отсто, додека во споредба со декември 2014 се повисоки за 0,3 проценти.