Бизнис
29. January 2020 - 12:29

Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка 0,6 отсто. Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија и нетрајни производи за широка потрошувачка за  два отсто и капитални производи за 0,5 отсто.