Повик за учество на четвртата студентска филолошка конференција „Како си ми?“
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на 14 април ќе се одржи четвртата студентска филолошка конференција „Како си ми?“, на која се поканети да учествуваат студенти од сите универзитети и факултети во Македонија кои се на додипломски студии или дипломирале во последните 12 месеци.
- Конференцијата ќе се состои од презентирани десетминутни групни или индивидуални излагања по кои ќе има дискусија. Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, лингвистиката, книжевноста, културата, методиката, преведувањето или толкувањето, или други области поврзани со нив. Работен јазик на конференцијата е македонски, а темите може да бидат споредбени, соопшти организаторот.
Идејата на настанот е да се поттикне интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што ги интересираат студентите за време на нивните студии.
Организаторите ги охрабруваат и студентите кои не студираат на Филолошкиот факултет, а чии дисциплини имаат допирни точки со филологијата, да се пријават на повикот кој трае до 1 март.
За пријавување потребно е да се испратат лични податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 зборови) на kakosimi.flf@gmail.com. Повеќе информации има на facebook.com/kakosimi.flf и на блогот: kakosimi.wordpress.com.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.